Press "Enter" to skip to content

Утре фан-зоната на Еурофарм Пелистер кај Офицерски стартува во 14 часот, ладно пиво, храна, ди-џеи, “Паркети“…

Фан-зона на РК Еурофарм Пелистер, спонзорирана од “Златен Даб“ ќе биде отвторена утре, недела, 1 мај 2022 година, на плато на Офицерски дом – Битола во 14 часот.

Организаторите РК Еурофарм Пелистер, Општина Битола и ЈОУ Културен и информативен центар Битола подготвуваат голем ракометен хепенинг и отворена фан-зона.

Вкусна храна и ладно пиво

Забавно музичка програма и настапи во живо, Dj Chico, BERRYQYAT, Ognen & Buki и група “Паркети“.

Во фан-зоната битолчани ќе можат да купат дресови, шалови и останати производи со заштитниот знак на клубот.

Заедничко следење на натпреварот на видео-бим.

Фан-зоната ќе се одржи без разлика на временските услови.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »