Press "Enter" to skip to content

Во прекрасна ракометна атмосфера Еурофарм Пелистер во Битола ја изгуби битката за титулата (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 23:26 (11:11)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 4.000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Ивановски, Ојлески, Мараш 3, Маркоски 2, Маџовски, Кукуловски, Мандалиниќ 3, Радовиќ 1, Танкоски 2, Костески, Божиќ Павлетиќ 2, Граџан 4, Табоада 1, Обрадовиќ 5,  

Седмерци: 2/1, исклучувања: 2 минути

Вардар 1961: Ристевски, Томовски, Петров, Стоилов 3, О. Њокас, Моралес 9, Георгиевски 3, Карапалевски, Диало, Савревски, Тото, Талески 6, Дибиров 3, Додиќ 2, Ѓукиќ, Мишевски

Седмерци: 3/2, исклучувања: 2 минутиРакометарите на Еурофарм Пелистер се поразени дома во 7. коло од плеј-офот на Супер лигата од екипата на Вардар и со овој пораз ја изгубија првата позиција која води до титулата оваа сезона.  Атмосферата во салата во Битола беше пеколна, искуството на “вардаци“ беше пресудно и не подлегнаа на пеколот, туку до последната минута играа сконцентрирано на секоја топка.Натпреварот започна тешко со малку голови, во битолската сала тргна во знакот на цврстата одбрана. Пелистер на стартот имаше и минимално водство, а потоа не искористи напад за два гола предност. “Црвено-црните“ со серија од 0:4 поведоа со три гола разлика, 6:9, 7:10.  Пелистерци дадоа три гола со кои целосно се вратија во игра, за 11:11 на полувреме, со голот на Обрадовиќ.Второто полувреме се играше игра гол за гол. Вардар по грешки на Пелистер дојде до +2, , “пелистерци“ поведоа првпат во вториот дел со 18:17 и имаа одличен резултат. Борко Ристовски, фати пенал и бранеше два удари од девет метри за реми. Во 18. минута од вториот беше 19:20, а Филип Талески зголеми на два разлика. Домаќинот дојде до нерешено  21:21, а потоа и 22:21. Вардар потоа прво израмни, а потоа дојде и до +2. За на крај Вардар да дојде до +3, за конечни 23:26.Кај “пелистерци“ најефикасен беше Обрадовиќ со 5 гола и  Граџан со 4.

More from ВестиMore posts in Вести »