-Одвреме на навреме, можете да забележите дека пишувам за промени во фудбалскиот клуб Пелистер од Битола, а најповеќе за промени на престедателите преку вонредни собранија, а јас како повозрасен спортски новинар не се сеќавам дека сум пишувал за редовно собрание на ФК Пелистер, а не знам ни дали се има одржано во Битола, кај сите клубови без исклучок, односно треба да прелистам стотина новинарски бележници, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Вонредно собрание имаше и во 2012 година, на почетокот на мај, каде за нов претседател беше назначен Сашо Здравевски, директор на клубот, по понудената оставка на Димче Шеровски, а спортскиот директор на Пелистер, Миле Димов ја презеде екипата по Марјан Секуловски, кој замина во странство да предводи корејска екипа.
На вонредното собрание беше речено дека Пелистер ќе продолжи со истото темпо на работа за да стигнеме до зацртаната цел, а таа е пласман во Првата фудбалска лига, бидејќи до промената на Управата, по 26 одиграни кола од Втората фудбалска лига Пелистер е лидер на табелата со 55 бода.