Веќе се при крај последните подговки во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола за вечерашното дерби Еурофарм Пелистер и Вардар, за решавање кој ќе биде новиот шампион.
Поставено е дополнително осветлување за светлосни ефекти, а на местото каде ќе бидат “Чкембарите“ се поставени некои работи за навивачката сценографија.
Од спротивната страна на јужната трибина во горниот лев агол каде ќе бидат сместени навивачите на Вардар, “Комити“, се извадени столчињата за поголема безбедност, како на натпреварот против АЕК, а сигурно околу нив ќе има кордон полиција и обедување.