Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчанец излетал со “хиндаи“ од патот, тројца со потешки повреди еден со полесни, пронадена стара бомба

На 01.05.2022 во 15.17 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот од Новаци кон село Брод, патничко возило „хјундаи“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 54 годишен битолчанец од Битола, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и двајца сопатници на возраст од 51 и 38 години, двајцата од Битола, додека третиот сопатник на возраст од 50 години од Битола се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.

На 01.05.2022 во 17.15 часот било пријавено дека во село Долна Чарлија била пронајдена стара рачна бомба од Првата светска војна. Во 19.40 часот бомбата било безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, а увид извршила екипа од Полициското одделение Новаци.

More from ВестиMore posts in Вести »