Press "Enter" to skip to content

Пелистер одигра нерешено против Тиквеш под Тумбекафе

Пелистер – Тиквеше 1:1 (1:1)

Фудбалерите на Пелистер одиграа нерешено со екипата на Тиквеш во рамките на 30. коло од Првата фудбалска лига.

Дуелот во Битола не можеше подобро да започне за кавадарчани, бидејќи од првата закана го отворија резултатот, во 6. шестата минута Каракамишев по погоди за 0:1. Пелистерци се созедоа и во 29. минута, кога по центаршутот на Алпај, дефанзивецот Драгарски со глава  израмни на 1:1. До крајот на првиот дел Тиквеш двапати се закани преку Спахиу и Стојков, а Пелистер имаше голема шанса преку Маневски, чиј удар заврши крај дирекот.

Продолжението беше мирно, темпото на игра беше ниско, играчите на Пелистер и Тиквеш не размислуваа премногу на напад и се играше на средината од теренот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »