Press "Enter" to skip to content

Битолчанки, средени и рамноправни со битолчани на трибините во “Боро Чурлевски“ (фотогалерија)

Ако пред некое време спорстките активности во Битола, посебно посетата на спортски натпревари и трибините беа “резервирани“ за битолчани, сега во последно време понежниот пол пополека си го завзема просторот на трибините.Тоа не значи дека порано битолчанки ги немаше на трибините, но сега, посебно на ракометните натпревари кои ги играат двете екипи на Еурофарм Пелистер се присутни во поголем број.Битолчани, кои се познати како џентлемени ги прифатија своите сограѓанки на трибини заедно со нов, е додаваат дека битолчанки ги разубавија трибините и фан зоната, доаѓаат средени на трибините, со своите оригинални стајлинзи, со шминкање во зелена-бела боја, со носење на дресови на своите спортски херои.Најголем број се млади битолчанки, ученици, студенти, а ги има бизнисменки, политичарки, лекари…Низ фотографиите на Дамјана Ристевска пренесуваме дел од битолчанки кои беа на дербито со Вардар, а и во иднина на нашиот портал ќе правиме фотогалерии со битолчанки на трибините во Битола, како знак на поддршка на родовата еднаквост и на трибините.

Ж. Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »