Press "Enter" to skip to content

“Лажни вести и дигитални медиуми“, втор настан од Еразмус + проектот “Антициганизам во моето соседство“ (фото)

На 30.04.2022 во хотел „Милениум“ – Битола се одржа вториот настан од Еразмус + проектот „Антициганизам во моето соседство“ со наслов „Лажни вести и дигитални медиуми“.На почетокот,  преку забавни игри учесниците имаа можност да се дружат и да се запознаат малку повеќе меѓу себе.Потоа заедно со новинарката Маја Богоевска, ги проширија своите знаења за дигиталните медиуми и научија што се тоа лажни вести и како да ги препознаваат.Психологот Жанета Ристевска ги водеше низ „Светско кафе“ за преку работа во групи да престават примери на антициганизамот на радио и ТВ каналите, интернет порталите и блоговите, социјалните мрежи и секојдневниот живот.За време на последната сесија, проф. д-р Марјан Танушевски, истражувач публицист, преку поврзување на примери од секојдневниот живот им го доближи антициганизамот уште повеќе на учесниците, давајќи им совети како да го искористат медиумскиот простор за лобирање кон остварување на целта за намалување на неговото постоење.На крајот, при сесјата за рефлексија учесниците истакнаа дека многу се забавуваа, научија многу нови работи и го изразија задоволството што се дел од проектот нестрпливо очекувајќи ги следните активности.Активностите ќе продолжат и во текот на мај.Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност на Република Северна Македонија преку Еразмус + програмата.

Фото: Дамјана Ристевска