Press "Enter" to skip to content

Библиотекарите продолжија со дружењето на кафе со локалните писатели

НУУБ „Св. Климент Охридски “- Битола продолжи со дружење со локалните посатели, а овој пат м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски тоа го направи со младата писателка, Ивана Балтовска која пишува трилери, еден од најмистериозните стилови кои до крај те држат во неизвесност.

-Започнав со пишување некаде во прва година средно училиште. Ги запишував сите весели, но и тажни моменти што ми се случуваа. Водев еден вид на мини дневник. Ретко пишував и поезија, но некако прозата повеќе ме привлече. Мојата љубов кон правото и мојата професија беа причината јас да почнам да пишувам ваков стил на книги, вели Балтовска за своите почетоци, и додава:Од секогаш сакав да сум обвинител или инспектор за крвни деликти. Да истражувам што точно се случило во некоја несреќа и на крај да се изборам за правдината на жртвата. За да се дојде до вистината секогаш треба да се разгледаат двете можни сценарија. Едното на сторителот, а другото на жртвата.

Инаку, Ивана Балтовска е магистер по кривично право, нејзината љубов кон наоѓањето на правдината преку откривање на сторителот е уште посилна инспирација за да ги напиши овие книги. Нејзина прва објавена книга е „Неискажани зборови“, а од оваа книга нејзин најомилен расказ е „Неоснованиот страв“ во кој се зборува за стравот од нешто што сите непотребно го чувствуваме.

Наредните две книги се психолошки трилери “Пајажина од тајни“ и “Чекор пред нив“, наредната книга “Споменар на пеколот“ чека да биде испечатена.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »