Денес, среда, 4 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата во Битола до 21 степен.
Утре, четврток, 5 мај, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Попладне на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 23 степен.