Press "Enter" to skip to content

Трибина за Гоце Делчев на Патриотскиот институт “Гоце Делчев“ на ВМРО-ДПМНЕ од Битола (фотогалерија)

Вечрва во салата на кино “Манаки“ во Битола се одржа трибина насловена “Ќе удри утринската зора и за нас…“ по повод 119 години смртта на апостолот Гоце Делчев,  во организација на Патриотскиот Институт “Гоце Делчев“ од Битола, при ВМРО-ДПМНЕ од Битола.На трибината зборуваа претседателот на Патриотскиот институт,  Васко Мавровски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Битола – Пеце Милевски и магистерот по историски науки Александар Јаневски.Васко Мавровски се осврна на целите за кои е основан Патриотскиот институт “Гоце Делчев“ во Битола, за активностите кои ги имаа планирано да ги одржат.-Патриотскиот институт е формиран за зачувување на македонскиот идентитет, јазик, традиција и култура, преку создавање на критична интелектуална маса, но и привлекување на млади луѓе на кои ќе им го пренесеме нашато знаење и жарот за борба за зачувување на македонизмот, кој во моментот е синхронизирано нападнат и негиран од страна на пропагандните машини на соседните земји.-Пример за патриот е секој чесен и искрен Македонец, секој еден кој се идентификува со Гоце Делчев, секој кој потрошил дел од својот живот во борба за македонската кауза и организацијата. Ние сите заедно, од патриотскиот инстритут и ВМРО-ДПНМЕ сме едно тело, со душа македонска и срце кое бие во седум осмини, додаде Мавровски, а потоа зборуваше за делото на Гоце Делчев, опеан во стотиците народни песни, а прочита и текст посветен на Гоце Делчев, и додаде дека сега е моментот да се престане со преговорите за идентитетот.Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ 0д Битола, Пеце Милевски ги поздрави присутите и членовите на Патриотскиот институт и рече:-Без говори, како го чувстуваме сите Гоце Делчев ќе зборувам и јас. Гоце Делчев е дел од сите нас, е синоним за Македонија, и сите ние во него се пронаоѓаме. Тој е битието за сите нас. Делчев не стигна на конгесот во Смилево, а се надевам дека сите ние заедно ќе ја видиме Македонија повторно исправена, се надевам дека сите ние обединети со ликот и делото на Гоце, како вечерва, ќе победиме на идните избори кои со нетпрение ги очекуваме.За делот на Гоце Делчев зборуваше магистерот по историски науки Александар Јаневски, кој рече дека како професор по историја одржал многу школски часови, зборувал на трибини, на отворено, пред малку или многу луѓе, но вечерва кога треба да зборува за великанот Гоце Делчев му е најтешко, бидејќи за зборува за величина која секој ја почитува и секој ја респектира.

More from ВестиMore posts in Вести »