Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и потопло со мала до умерена облачност

Денес, четврток, 5 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 22 степени.

Утре, петок, 6 мај, во Битола, времето ќе биде променливо облачно, попладне на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 2о степени.