Вечерва во Офицерски дом во Битола, Општинската организација на ЛДП од Битола го одржа 8. Собрание на Општинската организацијам, на кое свое обраќање имаше претседателот на ЛДП, Горан Милевски.
За нов претседател на Општинската организација на ЛДП од Битола е избран Горан Пинза, кој на последните избори беше кандидат за советник на советничката листа на оваа партија. Пинза е Дипломиранипт менаџер по туризам и угостителство, а работи како лиценциран туристички водич, фриленсер.
Пинза доаѓа на местото на Александар Касапов, досегашен претседател на ЛДП-Битола.
Покрај нов претседател избран е нов општински одбор.