Во Битола се одржа дебата на која се презентираа резултатите од спроведено истражување –Анализа на состојбата со јавните услуги во населба Баир, Општина Битола. Анализата се изработуваше од месец јули до октомври 2021 и опфати теренска анкета и интервјуа.Анкетата беше поделена на неколку делови кои имаа за цел да го подобрат мапирањето на јавните услуги во населбата, да го оценат квалитетот и задоволството со дадените услуги од јавната администрација.
-Според истражувањето, покриеноста со пристап до канализација, водовод и комуналии во населбата е над 68 проценти. Но, контрадикторно е тоа што само 35 отсто од луѓето ја плаќаат оваа услуга. Тоа се должи на самата структура во населбата во однос на урбанизацијата. Според нашето истражување, само 15 отсто од куќите во населба Баир имаат уникатна адреса, а другите се водат на една адреса. Поради ова, доаѓа до тешко наплаќање на овие услуги од страна на граѓаните, рече Лидија Ангелкова од ПРЕДА плус фондацијата.
Анализите за домување и пристап до основните јавни услуги се правени во октомври 2021, но се надополнуваат на друго истражување правено од Преда плус во 2020 за целокупната ситауција во населба Баир. Резултатите ги презентераше Љупчо Димовски, основач и директор на ЕПИЦЕНТАР.
-Ние сакаме преку истражувањето и тркалезната маса со претставници на јавните претпријатија да најдеме некакви решанија, да ја ублажиме оваа ситуација. Исто така, преку овој проект работиме и со Општината во донесување на ГУП и ДУП со цел да се најдат некакви решенија. Без донесување на овие главни документи ние ништо нема да можеме да направиме како Општина, додаде Ангелкова.
Комуналните услуги ги користат 63 проценти, но само 34 отсто ја плаќаат услугата. Дури 22 проценти од населението го носат ѓубрето на депонија или го одлагаат каде било, па и на регионалниот пат над Битола.
Ремзи Медик, од тимот за поддршка, рече дека од осамостојувањето на државата нема никакви преземени чекори за подобрување на состојбата, па ова се едни од првите со кои се прави обид да им се овозможи на граѓаните да ги оставрат своите права, а да им се даде на знаење дека со секое право следува и обврска.
Според ова истражување, дваесет и девет семејства или 114 жители од Петочна Вода, неурбанизираниот дел од населбата Баир во Битола, немаат пристап до вода и канализација во домовите, а живеат и на иста адреса Караорман број 111. Половината од нив во вакви услови живеат 25 години, а останатите се населиле во последните две децении, покажа истражувањето направено во рамки на проектот „Баир здружена акција на Битола за вклучување на Ромите“.
Во целата населба има 1.019 ромски семејства со вкупно 3.179 жители, од кои само 35 проценти живеат во легален дом. Во истражувањето беа вклучени граѓание од населба Баир, приватен сектор од општина Битола и јавни институции (Општина Битола, Центар за Социјална Работа, Агенција за вработување, ЈП Комуналец, ЈП Нискоградба, ЈП Водовод) Истражувањето е реализирано од ПРЕДА плус Фондација, како дел дел од проектот БАИР – „Заедничка акција на Битола за вклучување на Ромите“ финансиран од Европската делегација, имплементиран од COSV – Coordinamento delle Organizzazioni per il Servizio Volontario, Општина Битола и ПРЕДА плус Фондација

Дебата по добиените резултати од истражувањето Анализа на состојбата со јавните услуги во населба Баир (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Тимот на “X-fit Bitola“ од Битола на 5. место на “OCR – obstacle course race“ во Маврово (фото)
- Работилница со примена на виртуелна реалност на ИПА регион Битола (фото)
- Дебатен настан на УКЛО Битола за новите геополитички случувања ги здружи академската јавност и граѓаните
- Во книжарницата “Book’s House“ работилница на тема “Фиктивни – реални приказни“
- Денот на државноста на Хрватска, одбележан и во Битола (фотогалерија)