Вчера започна со работа ново финансиско друштво ФД “Солидус” – Битола, финтек компанијата е основана со домашен капитал на финансискиот пазар.Долгогодишното банкарско искуство е мотив за формирање на компанија со единствена цел, задоволување на финансиски потреби на населението преку понуда на широк спектар на производи прилагодени на нивните барања, градејќи долгорочни релации и взаемна корист.
-Името “Солидус”, потекнува од римскиот збор Solidus – златна монета која е синоним на цврстина, успех и традиционалност, а токму тоа е визија кон која се стремиме, изјави директорот м-р Васко Неделковски, кој додаде:
-Насочени сме да поставиме нови стандарди на финансискиот пазар каде на прво место го ставаме клиентот, неговите потреби и можности. Лесно и брзо до финансиски средства е прв производ со кој го означуваме нашиот почеток.
За подетални информации на web страна www.Solidus.mk или на тел: 071 231-203 или 071 231-205.

Започна со работа ново финансиско друштво ФД “Солидус” во Битола (фотогалерија)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- Најдобрата телевизија сега уште подостапна, во “Бител“ – Битола
- Во болницата “Плодност“ извршени четири ендоскопски операции во еден ден
- Професионален сервис и регистрација на возила на 12 рати со 0% камата во “СН Сообраќаен Центар“
- Во биохемиската лабораторија на болница “Плодност“ илјадници задоволни пациенти
- Медије Медик, Ние Ромите сме способни за многу нешта, имаме многу таленти и сакаме да работиме (фото)