Press "Enter" to skip to content

Младинките на Пелистер Волеј петта сезона по ред се во Ф4, ја победија Јанта Волеј во Битола (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Јанта Волеј Форца 3:1

(22:25; 29:27; 25:20; 25:22)

Младинските на Пелистер Волеј, синоќа во Битола, во салата на Медицинското училиште, одиграа супер дуел, возвратен меч во рамките на 1/4 финалето од младинската лига на Македонија, во кој за противник ја имавме одличната екипа на Јанта Волеј Форца, и по победата се пласираа во завршницата на сезоната, Ф4, кој најверојатно ќе се одигра во Битола, бидејќи битолчани ја доставија понудата да бидат домаќини.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски по победата и пласманот во Ф4 рече:

-Кога резултатски ќе се анализира овој двомеч изгледа како ова да е лесно добиен натпревар, но навистина беа потребни натчовечки напори да се совлада фантастичната екипа од Скопје. Како што најавивме така и бидна, натпреварот беше исклучително тежок и неизвесен. И покрај победата во гости од 3:0 која исто така ја заработивме со многу мака и десетици пресврти, но сосема заслужено и покрај тоа што бевме свесни дека ни треба само еден сет, што колку и да изгледа лесно, сепак тоа е само дополнителен притисок кога знаеш дека си пред самиот крај и воопшто не е лесно, денес атмосферата беше вистински пекол, натпревар во кој грешевме далеку повеќе од онај во Скопје, а за самиот натпревар додаде:

-Денес освојуваме онолку поени колку и што грешевме, односно колку што подаруваме, но кога се игра натпревар да се биди или не, едноставно не оди се по планот за кој си се подготвувал цела сезона. А сезоната ја поминавме без загубен сет, па денешниот е првиот сет кој го загубивме со нашите младинки.Сега младите одбојкарки од Битола ќе ја имаат последната битка наречена “Фајнл Фор“, битка за шампионска титула, во која влегуваат со рамноправни можности како и останатите ривали, а тоа се добро познати и звучни екипи на сцената на мак-одбојката.На реваншот во Битола фантастично одигра средниот блокер Меланија Каралиоска која освои неверојатни 21 поен, што е еден од нејзините најдобри, ако не и најдобар остварен скор за оваа сезона. Поените денес ги освоија: Меланија Каралиоска 21, Ева Трпеновска 16, Анастасија Ристевска 10, Стефани Најдановска 9, Бицевска Емилија 6 и Михаела Цветановска 2.

More from СпортMore posts in Спорт »