Јосиф Балтов е назначен за нов в.д. директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, со седиште во Битола, а претходно има 10 години работно искуство во оваа институција.
На позицијата в.д директор доаѓа од работната функција Раководител на одделение за јавни набавки.
Балтов е дипломиран економист, со мастер за јавни набавки од Универзитетот “Тор Вергата“ во Рим, Италија.
Во своето досегашно работење менаџира повеќе од 70 локални и регионални проекти од различни области како инфраструктура, земјоделство, економија, заштита на животната средина и друго финансирани од домашни и странски донатори како што се: ЕУ, УСАИД, УНДП, СДЦ, Министерство за локална самоуправа, Министерство за земјодество шумарство и водостопанство, Министерство за Економија како и различни амбасади и мисии кои се јавуаат како донатори во нашата земја.