Press "Enter" to skip to content

22 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Битола 

На 04.05.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната.

Притоа, санкционирани биле 22 возачи, од кои 7 санкции на територија на Ресен, 3 санкции во Битола, 9 на територија на  Прилеп, 1 во Демир Хисар и 2 во Македонски брод.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »