Press "Enter" to skip to content

Денес е ден на Св. Георгиј кој ја убил ламјата, ден на обновувањето на природата и животот

Православните верници денес го прославаат Ѓурѓовден, голем црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, Св. Георгиј кој ја убил ламјата.

Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и други, а во Битола нема храм посветен на овој светец кој битолчани и останатите го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите.

Овој празник е врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување, кој уште кај на народот е познат и како празник на обновувањето на природата и на животот воопшто. Овој верски празник се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.

Во верувањата поврзани со Ѓурѓовден важно место има легендата според која Св. Георгиј ја убил ламјата. Оваа легенда што нашла место на фреските и иконите во повеќе цркви во Македонија е раскажана е во преданија и е опеана во некои песни.

Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец меѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар.

Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем претхристијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.

Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др.

За овој прзник постојат многу обичаи, а посебно значаен обичај што е поврзан со Ѓурѓовден е лулањето или нишањето. На зелени, односно сурови дрва (слива, врба, муренка, јаболкница и др.) се обесуваат ортоми и на нив преку целиот ден се нишаат децата, но и повозрасните девојки и момчиња, дури и помладите невести. Секој што е на нишалката во рацете држи црвено јајце, а во некои краишта уште и некој сребрен предмет (најчесто прстен), коприва, трева огојка, лепаец и камен. Среброто симболизира трајност, (долговечност), огојката – гоење, каменот цврстина, лепаецот се носи за да се лепат по девојките момчиња и по момчињата девојки, а и копривата во народните верувања поседува магиска моќ. При лулањето се пеат песни соодветни на возраста и положбата на оној што е на нишалката.

Друг  обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река. Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати. Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.

Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година. Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили. Се верувало дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.

Инаку, Свети Георгиј беше родум од Кападокија. Со Христос се запозна во својот дом. Кога татко му пострада за Христа и прими маченички венец, тој и мајка му се преселија во Палестина. Момчето порасна и стапи во војската на 20-годишна возраст дојде до чинот трибунал. Како таков му служеше на императорот Диоклецијан. Кога Диоклецијан почна да ги гони христијаните, младиот трибунал самиот објави дека е христијанин. Почнаа разни тешки измачувања, но великомаченикот истраја во сите нив, а благодетта Божја му помагаше и го исцелуваше. Неговото мачеништво, т.е. сведоштво наведе многумина да поверуваат во Христа.

Во 303 година му ја отсекле главата. Овој голем маченик Бог го награди со дар на чудотворство со кој, тој до денес им помага на сите што го повикуваат во своите молитви.

More from НекатегоризираноMore posts in Некатегоризирано »