Press "Enter" to skip to content

МНД Битола и Педагошкиот факултет од Битола одржаа одржа Трибина за македонскиот јазик во спомен домот на Коневски во Небрегово (фото)

“Јазикот е единствената наша татковина. Се‘ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“Македонското научно друштво од Битола заедно со Педагошки факултет од Битола, во соработка со Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп, одржаа трибина, на Денот на Македонскиот јазик, во спомен домот на Коневски во Небрегово, на кој присуствуваа членови на МНД, студенти.Модератот на трибината беше Силвана Нешковска, вонреден професор на Педагошки факултет – Битола и секретар на Одделението за лингвистика и литература при МНД – Битола, на тема „Употребата на македонскиот јазик во практиката“.

-Денот 5 мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“ на седница на владата, во 2019 година, и тоа во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945-та за усвојување на азбуката на македонскиот јазик и првиот правопис со што е стандардизиран македонскиот јазик, рече Нешковска и додаде:– Конески како што сите добро знаеме е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, и неговата интелектуална оставштина со којашто сите бескрајно не има задолжен0, а оваа трибина е еден скромен обид да се даде придонес во исполнувањето на овој свет аманет. Имено, целта на трибината е да позборуваме за состојбата на современиот македонски јазик во денешницата, во 21-от век, за насоката во која се движи, и секако за промените, предизвиците но и препреките со кои се соочува. 

Професор д-р Виолета Јанушева е редовен професор по предмети од областа Македонистика и Лингвистика на Педагошкиот факултет во Битола, која со своите истражувањата на современиот македонски јазик во голема мера, придонесува за унапредување на статусот на македонскиот јазик.Oваа трибина е една од активностите предвидени во Годишната програма на МНД – Битола за 2022 година, a поводот за нејзино организирање е 5-ти мај – Денот на македонскиот јазик.

More from ВестиMore posts in Вести »