Press "Enter" to skip to content

Ротаракт Клуб Широк Сокак од Битола донира 30 компјутери “Коле Канински“

Ротаракт Клуб Широк Сокак од Битола со уште една успешна донација во секторот образование.

Како општествено одговорен клуб, оваа донација е посветена на нишката на човештвото, односно образованието, иднината на секој еден млад човек.

Во заедничка соработка со Борче Стаменов – Донирај Компјутер РК Широк Сокак Битола успеа да донира и стави во употреба 30 компјутери во ОУ Коле Канински – Битола.

Ова училиште располагаше само со еден кабинет по информатика за 24 ученици, но сега со оваа донација капацитетот се зголеми за 100%, осносно направено е освежување на постоечките и создавање нова втора училница со компјутери!

Оваа донација ќе ја користат 818 ученици на ова основно училиште.

More from ВестиMore posts in Вести »