Press "Enter" to skip to content

Во Битола свечено отворен Велигденскиот турнир на КК Младост (фотогалерија)

Во спортската сала  на средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“ во Битола, попладнево беше отворен десеттиот меѓународен Велигденски кошаркарски турнир во организација на кошаркарскиот клуб Младост и Општина Битола.На свеченото отворање на Велигденскиот турнир учесниците и гостите ги поздрави Горјан Стојановски, претседател на КК Младост, организатор на кошаркарскиот турнир.Трационално КК Младост доделува благодарници и посебни признанија, а годинава благодарница му беше доделена на заменик градоначалникот на Битола – Бојан Бојковски.Посебно признание на младинскиот кошаркарски клуб Олимпија од Лариса од Грција, за учество на меѓународниот турнир.Пред свеченото отворање започна натпреварувачкиот дел, а се играат натпревари во четири категории: момчиња родени 2005/06 г., момчиња родени 2007/08 г., момчиња родени 2011-15 г. и девојчиња родени 2008/09 г.На турнирот учествуваат екипите на: „Олимпија“-Лариса, Грција; „Мега баскет“-Прилеп, „Јасмин“-Кавадарци, „Охрид“-Охрид, „Декса“-Прилеп, „Пробаскет“-Кавадарци, „Пелистер“ и „Младост“ од Битола.Покрај официјалниот дел, турнирот ќе опфати и натпревари на младите членови од КК Младост во кошаркарски вештини, шутеви за 3 поени и слободни фрлања, а планиран е натпревар на ветерани од КК „Младост“.За сите победници во екипна и поединечна конкуренција организаторот ќе додели медали и пехари, на свеченото затворање на турнирот.На свеченото отворање на турнирот ссвој настап имаа и членови на танцов клуб од Битола.

Фото: Дамјана Ристевска

More from СпортMore posts in Спорт »