Press "Enter" to skip to content

Двајца ракометни тренери од Битола со нови странски предизвици, Иве во Кина, Борче во Фарски Острови

Ракометниот тренер  Иван Марковски е ред нов тренерски редизвик во далечната Кина, а таму ќе ја води женската екипа Шандонг, а според најавите Марковски до крајот на годината треба да ја преземе и женската сениорска репрезентација на оваа држава. Екипата на  Шандонг е од истоимениот град од провинција Веихаи. Оваа покана на Марковски е по добрата работа во Франција каде ја водеше женската екипа на Ле Самбр Авенуа. Од екипата на Шандонг има дури шест репрезентативки на Кина, па затоа Марковски потпиша договорот и со кинеската федерација на 3,5 години, а покрај водењето на клубот тој ќе треба да ја оформи и кинеската репрезентација.  Марковски започна во Работник во Битола, потоа во тимот на Ле Самбр Авенуа, а во Македонија продолжи во Металург. 

Вториот ракометен тренер од Битола,  Борче Марковски, кој тренира женска екипа го продолжи својот претстој на Фарски Острови, и ќе ја предводи екипата на Аргир.Борче Марковски на Фарски Острови две сезони беше тренер на сениорскиот сосав на СТИФ, а покрај тоа под негова контрола беа и младинските тимови на клубот. Марковски ги водеше женската и машката екипа на Пелистер, Жито Прилеп, Преспа. Потоа продолжи како тренер во Катар, пред заминувањето во Фарски Острови работеше во  КЛ7, а беше селектор на младинската репрезентација на Македонија.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »