Press "Enter" to skip to content

Одржан УКЛО тривиум, носител на ловоровиот венец Антонио Чоневски од Педагошки (фото)

Со доделување на награди за најдобрите оратори во Офицерски дом во Битола заврши годинашниот УКЛО ТРИВИУМ, а на отворањето студентите ги поздрави проректорот проф. д-р Марјан Ѓуровски. Титулата за најдобар оратор и носител на ловоровиот венец му припадна на Антонио Чоневски од Педагошки факултет – Битола. Второто место го освои Јасна Талевска од Педагошки факултет – Битола и трето место го освои  Стефани Мирчевска од Високата медицинска школа од Битола.УСС заедно со Универзитетот обезбеди  и парични награди за најдобрите и тоа, за прво места ваучер од 6.000 денари, второ место 4.000 денари и трето место 3.000 денари. -Оваа година решивме да ја поттикниме слободата на размислување и разноликоста на настанот, така што им дадовме можност на учесниците сами да изберат тема и разработат проблематика која ја сметаат за блиска и соодветна, вели лидерот на УСС УКЛО, Симона Наумовска. Водени од овие цели  и од гласот на студентите ја конципиравме нашата годишна програма каде особено и значајно место зазема овој традиционален настан УКЛО Тривиум.  Го споделувам со сите вас задоволството дека овој убав студентски, универзитетски настан  се одржа во рамки на одбележувањето на Денот на основањето на нашиот Универзитет.Споменувајќи го нашиот учител и Патрон Св. Климент Охридски и неговата значајна просветителска дејност, сметаме дека и на овој начин, со Тривиумот, воспоставуваме една суптилна врска, остваруваме една модерна нишка и што е уште позначајно ги искажуваме нашите мислења и ставови. УКЛО ТРИВИУМ е токму тоа, можност студентите да го заземат своето централно место, клучното место што им припаѓа како во Универзитетот, така  и во општеството. Во таа смисла искажаните беседи, најновите студентски говори  произлезени од ораторскиот жар сметам дека овозможија да слушнеме како размислуваат студентите, и воедно да ги пренесат нивните идеи со кои може да помогнат во трасирањето на приоритетите, зашто за младите луѓе е  својствено да ги кажуваат гласно своите визионерски и авангардни  погледи.Ораторите покажаа и на овој петти по ред УКЛО ТРИВИУМ дека се вистински предводници, движечката сила на Универзитетот и општеството  и се стремите кон вистинските вредности и доблести!” – истакна претседателката на УСС Симона Наумовска.

Инаку, Универзитетското студентско собрание како тело на универзитетот „Св.Климент Охридски„ – Битола со своето активно постоење и делување, организира различни настани од различни домени и се залага за остварување на правата на студентите, поттикнување и спроведување на заеднички активности и манифестации, развивање за задоволување на културните потреби на студентите, спортско-рекреативни активности, научно и техничко творештво, хуманитарни  и други општествени активности и значајно место меѓу нив има овој традиционален ораторски настан, УКЛО Тривиум. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »