Пелистер – Феникс 100:58
Два дена по поразот во Скоје, од МЗТ, екипата на Пелистер во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ забележа лесна победа со 100 постигнати поени и со новите бодови останува лидер на победата.
Феникс во Битола дојде без засилувањето од Битола, Бојан Трајковски и странците, со најмада екии во лигата, а Пелистер од друга страна одигра само посилен тренинг натпревар.
Пелистер во првата четвртина нарави предност од 13 поени, а по 10 минути беше 27:14. Втората четвртина помина во континуирано зголемување на предноста, а на одмор се отиде со +22 за Пелистер, 49:27.
Во продолжението тренерот на Пелистер направи многу измени, им даде шанса на сите кошаркари, а третата четвртина започна со серија 14:4, а крајот на овој квартал биде 77:46.
Последната четвртина се играше колку да се доигра натпреварот, со познат победник, а “пелистерци“ постигнаа 23 поени за конечни 100:58.
Најефикасни во тимот на Пелистер беа Крстајиќ со 18 и Малешевиќ и Ѓуроски со по 13 поени.