На 07.05.2022 во 19.45 часот на ул. “Кланица“ во Битола, полициски службеници до СВР Битола лишиле од слобода 31 годишно лице од Дојран затоа што кај него бил пронајден пиштол непозната марка и една празна рамка и затоа што се однесувал агресивно и се заканувал на неговата поранешна сопруга и нејзината мајка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.05.2022 во 10.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 34 годишник од Битола затоа што со остар предмет се заканувал на неговата мајка и неговиот брат. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.05.2022 околу 19.30 часот автопатот Велес-Скопје, пред наплатна станица Отовица, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода две лица на возраст од 37 и 25 години, двајцата од Битола. При преглед во возилото „Ауди А6“ со битолски регистарски ознаки, била пронајдена бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.05.2022 околу 07.30 часот во СВР Битола било пријавено дека 61 годишник од Битола се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи на објект во изградба на ул. „Хераклеа“ во Битола. Тој бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола, а за настанот бил запознаен трудов инспектор.
На 07.05.2022 во 21.42 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фиат Пунто“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 31 годишник од с.Долно Оризари, битолско и патничко возило „Шкода Октавија“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 62 годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото „Шкода Октавија“, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.
На 07.05.2022 во 21.35 часот во Полициската станица Битола, Г.П.(47) од Битола пријавил дека на ул.„Димче Лахчански“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.