Press "Enter" to skip to content

Пелистер со победа во последниот натпревар во Битола, наесен битолчани ќе гледаат второлигашки фудбал

Пелистер – Борец 2:1 (0:0)

Фудбалерите на Пелистер во Битола го одиграа последниот натпревар пред своите навивачи, а од идната сезона, некаде во август ќе ги гледаат како второлигаши. “Пелистерци победија во Битола со 2:1 против екипата на Борец, а полувремето го завршија без голови.

Борец во 2. минута ја имаше првата шенса за гол, а потоа шанса имаа и “пелистерци“. 

Уште во втората минута се обиде со глава, но го префрли голот на Трајчевски. Борец имаше шанса и преку Ѓорѓевиќ, а Пелистер изведе и шест корнери но без реализација. 

Во вториот дел Пелистер повеќе ја имаше топката, а шанса за водство имаше прво Момировски, а потоа во продолжението на акцијата и Маневски. Потоа следуваше и шансата на Здравевски. Во 65. минута од натпреварот Здравевски погоди за 1:0, по додавањето од Љамчевски, кој по неколку минути го постигна вториот гол за Пелистер. Борез намали на 2.1 преку  Николовски во 83. минута.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »