Press "Enter" to skip to content

Џудистите на Пелистер со осум медали на Државното првенство во Кавадарци (фото)

Џудистите на Џудо Клуб Пелистер од Битола учествуваа на државното првенство за деца и понерири и пионерки, кои денес се одржа во Кавадарци, а во Битол се вратија со грст медали.Тренерот на Џудо клубот Пелистер, Ѓуро Илиќ, е задоволен  од постигнатото на државното првенство бидејки тие се претставиле со тринаесет натпреварувачи, а освоија 8 медали.По промената на генерациите во клубот полека се наметнуваат младите џудисти кои одлично тренираат, а нивната работа иако во време на пандемијата беше редуцирана, сега полека се вреднува со освојување на медали, но ги чека напорна работа, додава Илиќ. Во категорија деца  Јована Стојковска освои прво место, Иво Кочовски – прво место и Јован Рунтевски – второ место.Во категорија пионери Никола Стојковски освои второ место, Јаков Мицевски – второ место, Јован Стефановски – трето место, Павел Стефановски – трето место  и  Христијан Стојковски трето место.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »