-Екипата на Пробаскет од Кавадарци најдобри девојки 2008/9, Охрид во мо мчиња 2005/6, Пелистер Младост од Битола во момчиња 2007/8.
-Најдобри играчо (MVP): Лиле Ѓорѓиева (Пробаскет), Стефан Капевски (Охрид) и Наум Марковски (Пелистер/Младост)
Два дена Битола беше центар на младинската кошарка во Мaкедонија. 16 екипи во 3 категории се натпреваруваа на 10. Меѓународен Велигденски кошаркарски турнир „Битола 2022“ кој што беше во организација на КК „Младост“ и Општина Битола. Натпреварите се одиграа во 3 спортски сали со учество на преку 200 млади кошаркари и кошаркарки. Свој натпревар имаа и ветераните на КК „Младост“ кои потсетија на времето кога беа два пати прваци на државата во младинска конкуренција и имаа повеќе успешни настапи на турнири ширум Европа во периодот 2003-2007 г. Единствена екипа од странство беше „Olympia Larissa B.C.“ од Лариса-Грција која прикажа игра на ниво на кошарката од земјата од каде доаѓа.
Организаторот додели медали и дипломи на најдобрите по категории, а беа пригласени и најдобри играчи (MVP) во секоја категорија.-Како и секоја година во минатото турнирот помина во одлична организација и добри натпревари. Задоволен сум од постигнатите резултати и воопшто квалитетот на натпреварите. Им благодарам на екипите од другите градови, посебно на нашите гости од Грција кои учествуваа на турнирот-изјави Горјан Стојановски, претседател на организациониот одбор на турнирот.
-Прв пат учествуваме на ваков турнир во странство. Одлично организиран од професионалци и задоволен сум од постигнатиот пласман. Остануваме во контакт со КК „Младост“ од Битола со кого во иднина ќе одиграме и пријателски натпревари кај нас-изјави ,тренер на „Olympia Larissa B.C.“.-КК „Младост“ на чело со Горјан Стојановски одлично си ја знае работата кога се во прашање вакви турнири. Турнирот беше организиран на високо ниво со квалитетни натпревари-изјави легендата на македонската кошарка Стерули Андоновски кој двата дена со посебно внимание ги следеше натпреварите.
Владимир Прчков