Драган Крајовски, претседател на ОО СДСМ Битола, по повод 9. мај Денот на Европа рече:
-9 мај е датум од исклучително значење за нас македонците. 9 мај е потврда на нашата историска определба за борба против секаков вид на идеологија што носи смрт, страдања и пустош и симбол на стремежот за интеграција, за просперитет и за благосостојба. 9 мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, годинава ги одбележуваме во околности кои мислевме дека нема да ни се случат нам, на новите генерации. 77 години од крајот на Втората светска војна и 75 години од декларацијата што го навести формирањето на Европската унија, очигледно имаме уште многу да учиме за солидарноста, за рамноправноста и за силата на обединувањето околу вредностите кои значат подобар живот за сите.Денес, на Денот на Европа да се потсетиме и да ги вратиме во полн сјај социјалдемократските вредности кои носат мир и благосостојба. Да ги практикуваме секојдневно во нашето однесување бидејќи промената на подобро започнува од секој од нас и завршува со општо добро за секој од нас. Европа да ја донесеме во Битола оти Битола бездруго е дел од Европа со векови наназад. Да бидеме Европјани и кога сме дома, а не само кога патуваме во странство. Капацитет имаме, мотив и сила поседуваме. Да започнеме денес и да покажеме дека можеме, знаеме и умееме да бидеме европски македонци, европски битолчани.
Петар Николовски, претседател на ЛК СДММ Битола за актовностите за Денот на Европа рече:-Младите и нивниот активен ангажман се во фокусот на сите Европски институции не само денес, на 9 мај – Денот на Европа, туку во текот на целата година. Европската унија ја прогласи 2022 година за Европска година на младите уште еднаш потенцирајќи ја важноста на нас, младите за мирот и единството на европскиот континент и пошироко, во светот. Во нас, младите е надежта за подобро утро на Европа. Во нас, младите е надежта за подобра Битола. Ние, младите на овој предизвик мора да одговориме со труд и работа, со идеи и активности кои реално ќе го подобрат животот во градот. Ние, младите не смееме да ја пропуштиме можноста да бидеме носители на промените кои носат просперитеτ и иднина тука, во родниот град, во татковината.
Локалниот клуб на Социјалдемократската младина од Битола со повеќе настани кои ќе се случат деновиве ќе го одбележи не само Денот на Европа, туку и својот јубилеен, 30ти роденден. Младите секогаш биле и остануваат најважниот двигател на нашата СДСМ. Тие се промотор и заштитник на еднаквоста и слободата, на солидарноста и правдата, на просперитетот и иднината. Во изминатите триесет години, низ Локалниот клуб на СДММ Битола поминале илјадници млади битолчани кои со својот ангажман дале значаен придонес во развојот на клубот. Во мое и во име на сите членови им благодарам. Наша и обврска на сите следни генерации на ЛК СДММ Битола е да направиме се што можеме за доброто на Битола. Да останеме верни на социјалдемократските идеали за слобода, еднаквост, солидарност и секојдневно да ги практикуваме. СДСМ е единствената политичка партија во државата која статутарно гарантира да се слуша гласот на младите и да се вреднува младинската мисла. Затоа, да ги прифатиме честа и одговорноста што ни се дадени и заедно, сплотени да го подобруваме животот за нас младите во Европска Битола.