Press "Enter" to skip to content

За три дена во Битола 29 нови позитивни на ковид-19, оздравени 40, активни 127 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 06.05 до 08.05.2022) направени се 2.777 тестови, а регистрирани се 159 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 29.

Регистрирани сe 225 оздравени пациенти од се Битола – 40.

До сега во Битола има 15.473 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 127 случаи.

Во текот на изминатите 3 дена (од 06.05 до 08.05.2022), пријавено е едно починато лице, нема од Битола.

Направени се во Битола 143 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 103 и преку “Плодност“ 40.

Досега во земјата се направени вкупно 2.030.368 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.298, бројот на оздравени пациенти е 300.433, на починатие 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 578.

More from ВестиMore posts in Вести »