Press "Enter" to skip to content

КБК Енерџи од “Трофеј Београда“ во Битола донесе 7 медали, една златна

Кик боксерите од Битола, членови на КБК Енерџи, настапија на кик-бокд турнирот “Трофеј Београда“ кој се одржа во Белград, Србија. На ова натпреварување тренерот на Енерџи, Александар Димовски – Димса ги пријави најподготвените, а во Битола донесоа 7 медали.Кик-боксерите освоија еден златен медал, 4 сребрени и 2 брознени медали, а за овој успех Димовски вели:

-Настапивме на одличен турнир, на која сите кои се натпреваруваа се покажаа во одлично издание и одговорија на моите тактички насоки, во текот на борбите. Јас како тренер сум презадоволен од настапот и освоените медали, бидејќи сите борци покажаа висока класа на борби без разлика на пласманот, но секако треба да им честитаме на борците кои освоија медали.