Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј е вице-шампион во младинска конкуренција (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Наковски Волеј 2:3

Во Битола се одигра младинско финале какво ретко се гледа на македонската одбојкарска свена, со многу пресврти, емоции, играње до последен атом, во кое за жал екипата на Пелистер Волеј од Битола го загуби во последниот сет, со 2:3 по сетови, по точно два часа. Финалето беше  која ќе остани забележана во аналите на одбојката, а младите битолчански потклекнаа на желбата, притисокот и атмосферата во салата на медицинското училиште во Битола. Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски по завшувањето на финалето рече:-Дуел со многу пресврти, натпревар во кој противникот поведе во првиот сет со 25:22 и 1:0 По измена на страните видовме еден модерен Пелистер Волеј, кој беше апсолутно доминантен во двата наредни сета и ги доби со 25:16 и 25:15.  Видовме жар, борба и желба за победа во секој поен, чудесни моменти на самодоверба, креација, фантастичен напад, бројни блокови, апсолутно сѐ што можи да се посака во оваа игра….одлична организација на техничарката Михаела Цветановска… либеро кое беше на секоја позиција секаде каде што треба кое на моменти беше единствениот “виновник” што топката не е на подот….младата Ева Трпеновска беше брутална во својот напад која освои 21 поен…функционираа и блоковите на Каралиоска-Бицевска, а Анастасија Ристевска го даде својот максимум и покрај здравствените проблеми која во дадени моменти освои клучни поени, особено во полуфиналето кое беше предуслов за влез во големото финале… Наумоска исто така мора да се истакни дека има голем заслуга на патот кој имаше единствен патоказ-финале…настана голема експлозија од овации и навивање на трибини, а за загубениот четврти и одлучувачки петти сет додава:-Проблемите започнаа во четвртиот сет кој го загубивме со несватливи 08:25 во кој започна да се чувствува замор и кај сите играчи. Петтиот сет беше сет на одлука, во кој се ставивме на една карта, но сепак немавме доволно сила за уште еден пресврт, па со 15:07 славеше екипата на Наковски Волеј и ја однесе титулата во Струмица, за што им честитаме.-Горди сме на постигнатиот успех. Нема да кажиме дека не се осеќа горчината на среброто кое во даден момент дава чувство на неуспех, но сепак, ова е повеќе од голем успех и на десеттиот Ф4 за Пелистер, повторно носиме вреден плен во клубските витрини, велат од Управата на Пелистер Волје, кои не прпуштија да ја пофалат играта на сите одбојкарки.Поените во финалето ги освоија: Ева Трпеновска 21, Стефани Најдановска 12, Меланија Каралиоска 8, Емилија Бицевска 6, Анастасија Ристевска 6, Михаела Цветановска 4 и Василиче Наумоска 1.Медалите и пехарите денес ги додели градоначалникот на општина Битола Д-р Тони Коњановски заедно со комесарот за натпревари при ОФМ Сања Никчевиќ.Пелистер Волеј во полуфиналето ја совлада екипата на Јанта Волеј КВ со 2:0 по сетови 25:20 и 25:23.

Фото: Дамјана Ристевска