Денес, вторник, 10 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне можна нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7. Температурата во Битола до 23 степени.
Утре, среда, 11 мај, во Битола, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. УВ=7. Температурата во Битола до 23 степени.