Press "Enter" to skip to content

Во Битола 14 нови позитивни на ковид-19, оздравени 20, активни 121 случај

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.652 тестови, а регистрирани се 115 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 14.

Регистрирани сe 99 оздравени пациенти од Битола се 20.

До сега во Битола има 15.487 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 121 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Направени се во Битола 67 ковид тестови, преку ЦЈЗ Битола 49 и преку “Плодност“ 18.

Досега во земјата се направени вкупно 2.032.020 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.413, бројот на оздравени пациенти е 300.532, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 594.