Press "Enter" to skip to content

Изложба на детски ликовни творби по повод Светскиот ден на уметноста, на тема – Фрида Кало (фото)

“Секое дете е уметник” – рекол Пикасо

“Се чувствувам жив, единствено кога сликам” – рекол Ван Гог

“Убавото тело пропаѓа, но уметничкото дело никогаш” – рекол Леонардо Да Винчи.

Во ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола отворена е изложба на детски ликовни творби по повод Светскиот ден на уметноста, на тема – Фрида Кало.-Уметност! Уметноста е најголемата творба на човековиот гениј,зашто за неа ниту една дефиниција не е доволно добра и точна. Уметноста не може да се научи, ниту да се објасни, туку може само да се почувствува. Со уметноста,единствено човекот се разликува од останатите живи битија, беше речено на свеченото отворање.Изложбата на детските уметнички дела, по повод Светскиот ден на уметноста, 15 Април. Темата на самата изложба е портрет на една од најпознатите светски жени уметнички- Фрида Кало. “Јас сум моја муза, предмет кој најдобро го познавам”- ќе рече Фрида. Таа е мексиканска сликарка, жена со непокорен дух, која зад себе оставила огромно творештво, а најмногу автопортрети, полни со страст, емоции и бои.На оваа изложба има изложено околу 50-тина дела, направени од вештите раце на учениците-уметници од ликовната секција како и од предметот Проекти од ликовна уметност, под менторство на наставничката Ленче Крстеска.Делата се направени во најразлични техники како – молив, пастели, маркери, акварел, темперни и акрилни бои, на различни основи- хартија, картон, платно и стакло. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »