Press "Enter" to skip to content

Илчe Tрајковски нов претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци

Илче Трајковски е избран за нов претседател наОпштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци од страна на Извршниот комитет на партијата и претседателот Христијан Мицкоски.

Триесет и седум годишниот Трајковски е татко на две деца, моментално е на додипломски студии на Техничкиот Факултет  во Битола на насоката Индустриски менаџмент. Трајковски, своето стручно образование го надградувал намеѓународни курсеви и сертификати од корпорацијата Siemens, Emerson и повеќе меѓународниот семинари и курсеви од Областа на земјоделието.

На претседателското место Илче Трајковски доаѓа од подпретседателската функција, по досегашниот претседател Стевче Стевановски кој е актуелен градоначалник на Општина Новаци по големата победа во прв круг на ВМРО-ДПМНЕ на минатите локални избори.

Илче Трајковски е истакнат долгогодишен член напартијата, работи во РЕК “Битола“. Во партијата ги има поминато сите партискифилтри, од комисии, претседател на МК, член на ОИШ, секретар на ОК Новаци, делегат на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, а во минатото бил и истакнат член на УМС.

Во периодот кој следи Илче Трајковски најавува дека ќеима партиски освежување и  засилувања, засилено присуство на терен како и обединување на сите во едно силно ВМРО кое ќе донесе нова победа на престојните предвремени парламентарни избори во Општина Новаци и голема победа во Република Македонија.