Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Битола, поднесе кривична пријава против претседател на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола. Пријавениот се терети дека извршил стек на кривичните дела „Излагање на подбив на македонскиот народ“ и „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ бидејќи:
– најпрво, во својство на овастено лице – претседател на здружението, умислено во просториите кои ги користи здружението во јасно воочлив голем формат дозволил да биде истакнат цитат од Ванчо (Иван) Михајлов, со навредлив јазик кој директно, намерно и недозволиво, а со цел провокација се врши негирање и излагање на подбив на македонскиот народ;
Пријавениот, сето ова бил должен и морал да го знае, поради што произлегува дека неговото преземено дејствие е целосно свесно и со зла намера да се разгори чувство на омраза и нетрпеливост преку негирање и излагање на подбив на македонскиот народ.