Ако можеш да го замислиш успехот, ќе го оствариш Маликовски е дел од проектот БАИР – Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, чија цел е да го помогне и промовира социо-економскиот развој како и да ја подобри вклученост на ромската заедница што живее во населбата Баир, општина Битола.
Ако зборуваме за шанси и за осмислување на лична кариера, тогаш Муамед Маликовски е нашиот светол пример. Тој е моден дизајнер кој стои позади модниот бренд Malikowsky Couture познат по слоганот “Не го пропуштајте вашиот луксуз” и кој ги прави фустаните од соништата на многу девојки и жени и во Македонија и надвор од неа. Поврзан со уметноста е од мали нозе. Пишувал проза и драмски текстови….на 10 години ја напишал првата драма.
-Отсекогаш сакав да носам нешто посебно, само јас што ќе имам. Немав можност тоа да си го дозволам, па така кога бев тинејџер реков да сретнам дизајнер кој ќе ми стани пријател и ќе прави нешто за мене, се потсети Муамед на своето детство.
Тој не го сретна дизајнерот, но за 5 години од тие тинејџерски соништа с се појави во градот Битола, каде е роден и израснат, како дизајнер. Го запрашавме од кого учеше?
-Сам истражував. А познатата Мира модистра по професија беше првиот мој ментор. И денес сум со неа. Таа е дел од мојот тим. Работи на моите креации.
Кои се твои клиенти?
-Главно странци, но и наши љубители на луксузни фустани. Тоа се жени на помлада возраст кои имаат висока модна култура и имаат храброст да ги носат моите креации.
Дали би создавал во иднина чинија и за мажи?
-Жените се мојот фокус зошто не се плашат да експериментираат, а можеби во иднина за некој храбар маж би креирал нешто посебно.
Омилена боја?
-Црна, со златна.
Дали се сеќаваш на првиот модел кој си го направил?
-Скица за креација за 18 тимот роденден на братучетка ми.
А последна креација?
-Работам на новата колекција, нови модели. Главна инспирација ми се луксуз и раскош.
На патот на успехот на Муамед не му помогна никој. Само неговата верба дека знае што сака да биде и неговата храброст. Сите бес против него, дури и семејството. Требаше да го заврши Правниот факултет според неговите најблиски и да работи во канцеларија со пенкало в рака. Правен се уште студира…но успехот во тоа што го испланира го вивна меѓу ѕвездите. Денес целото семејство, а особено мајка му се негова најголема поддршка.
Маликовски е дел од проектот БАИР – Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, чија цел е да го помогне и промовира социо-економскиот развој како и да ја подобри вклученост на ромската заедница што живее во населбата Баир, општина Битола. Проектот го доби своето име според населбата Баир, каде што живеат 95 отсто од ромската популација во општината. Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА 2 програмата и ќе се спроведува до крајот на 2023 година. Проектот е развиен од COSV италијанска хуманитарна невладина организација во партнерство со ПРЕДА Плус фондација и Општина Битола, во соработка со Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженерство.
“Ако за другиот е невозможно, не е и за вас. Ако можеш да го замислиш успехот, ќе го оствариш” се неговите мотивирачки зборови.