Press "Enter" to skip to content

Вчера, попладне, 85 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Битола

На 11.05.2022 во времето од 14 – 20 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 85 возачи.

По 37 санкции се изречени на територија на Битола и Ресен, 9 санкции на територија на Прилеп,   и 2 санкции Крушево. 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »