Денес, петок, 13 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има појава на краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 27 степени.
Утре, сабота, во Битола, времето ќе биде претпладне сончево и топло, попладне променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 27 степени.