Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направен е 1.221 тест, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 7.
Регистрирани сe 87 оздравени пациенти од Битола се 26.
До сега во Битола има 15.525 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 112 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице, нема од Битола.
Направени се во Битола 51 ковид тестови, преку ЦЈЗ Битола 38 и преку “Плодност“ 13.
Досега во земјата се направени вкупно 2.035.877 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.684, бројот на оздравени пациенти е 300.761, на починати е 9.289, а бројот на активни случаи изнесува 634.