ТФТ Скопје – Пелистер 89:78
Кошаркарите на Пелистер од Битола повторно се поразени во Скопје од екипата на ТФТ со резултат 89:78, во рамките на седмото коло на плеј-офот и со овој пораз го загубија лидерското место на табелата и сега лидер е МЗТ.
Натпреварот во Скопје го отвори ТФТ со 8:2, а потоа “пелистерци“ се вратија и поведоа, а првата четвртина заврши нерешено 25:25. Екипата на Пелистер играше добро во втората чествртина, а на одмот се замина со +3 за “пелистерци“ 42:45.
Во третата четвртина ТФТ го презеде водството и дојде до +8, а а крај на овој дел од играта беше 68:62 за домаќинот. Последната четвртина започна со зголемување на предноста на ТФТ, а Пелистер не успеа да направи пресврт, за победа, поразен е со 89:78.
Во следното осмо коло Пелистер гостува во Гостивар.