Во организација на Правниот факултет во Битола во соработка со Управата за извршување на санкциите на РСМ и Правосудниот истражувачки центар од Ниш, се одржа меѓународно научен и стручен (хибриден) настан “Третман на осудените лица: Како до успешна ресоцијализација низ искуството на различни пенитенцијарни системи“.На настанот учество зедоа повеќе експерти од странство и земјата, присуствува директорите на КПУ од Битола, Прилеп и Охрид, вработените од НПМ при Канцеларијата на Народниот правобранител, претставници на НВО од Македонија, вработени од КПУ од Битола и Прилеп, судии и адвокати од Битола, како и професори и студенти од Правниот факултет.
На отворањето свои поздравни обраќања имаа министерот за правда, проф. д-р Никола Тупанчески; ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски; директорот на Управата за извршување на санкциите, г-дин Марјан Спасовски; деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Илиќ; и раководителката на Центарот за научно – истражувачка работа, вон. проф. д-р Ангелина Станојоска.
На првиот панел кој се однесуваше на модерните искуства од другите земји, но и од Македонија, а го модерираше вон. проф. д-р Ангелина Станојоска, свои презентации имаа професорката Бет Хубнер од Одделот за криминологија и кривична правда, Универзитет во Мизури – Сент Луис, САД; г-ѓа Пиа Пуолака, Проектна менаџерка на проектот “Smart” затвор на Агенцијата за кривични санкции, Финска; г-дин Ален Колинс, Експерт во Управата за извршување на санкциите на РСМ; д-р Петар Јорданоски, Совет на Европа; г-ѓа Ирен Ирбе, Раководителка на Одделот за системи за реинтеграција, Центар за регистрација и информациони системи, Естонија.
На вториот панел кој се однесуваше на искуствата од Република Северна Македонија и Република Србија и забелешките на пенитенцијарниот систем во двете земји, а го модерираше вон. проф. д-р Ице Илијевски, свои презентации имаа проф. д-р Миомира Костиќ од Правниот факултет во Ниш, Република Србија; вон. проф. д-р Дарко Димовски од Правнит факултет во Ниш, Република Србија; вон. проф. д-р Ангелина Станојоска од Правниот факултет при УКЛО – Битола; м-р Ина Џугуманова од Хелсиншкиот Комитет за човекови права во РСМ; м-р Ирена Здравкова од Македонското здружение за млади правници (MYLA); и г-ѓа Лена Христовска, Раководителка на Секторот за ресоцијализација, КПУ Затвор Битола.
Генерален заклучок е дека Македонија има уште многу обврски кои треба да ги исполни за да може да очекува успешен третман и ресоцијализација на осудените лица.
Останатите заклучоци, а и листа на предлози од настанот ќе бидат изработени во текот на наредните денови и истите ќе бидат јавно достапни.

На Правен во Битола меѓународно научен и стручен (хибриден) настан за третман на осудените лица (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Отворена изложбата “Со љубов од Битола“ и доделени наградите (фотогалерија)
- Урош Борзаш пред утрешниот натпревар со Кил: Кил е секогаш Кил, не беше лесно по двата порази од Вардар
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност
- Австрискиот амбасадор Мартин Памер во посета на Библиотеката
- Паоло Карнера, кинематограферот на филмот „Носталгија“: кинематограферите од соништата прават филмски материјал