На 12.05.2022 во СВР Битола 71-годишна жена од Битола пријавила дека во нејзиниот дом во Битола, била физички нападната од нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 12.05.2022 во СВР Битола В.Б. (34) од Битола пријавил дека на ул” 21-ва” во Битола во објект за игри на среќа физички бил нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 12.05.2022 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола лишиле од слобода 30 годишно лице од Битола, бидејќи кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичен законик.
На 12.05.2022 од полициски службеници при СВР Битола го лишиле од слобода 39 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на настанот против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.