Press "Enter" to skip to content

Фото вест: тротоар со тросед, нема крај на неодговорноста на некои битолчани

Викендов кој помина во Битола беше организирана акцијата “Генералка“ во која “Комуналец“ и другите јавни претријатија, заедно со граѓаните на Битола се потрудија генерално да се исчисти градот. Се кренаа тони и тони ѓубре, а секој од нас имаше можност своето ѓубре да го предаде на “Комуналец“.

Но, само по некој ден истата слика низ Битола. Некој крајно несовесен битолчанец својот тросед од дома го “поставил“ – фрлил на тротоарот на “Булеварот“. Не само што го нагрдил просторот туку и ја загрози и безбедноста на пешаците.Жителите на овој дел од Битола велат дека нема лек за некои комшии од тука, колку да им нудиш услуги и помош тие пак ќе го сторат истото, пак ќе излезат со ѓубрето на улица. 

-Не е за тука троседот, сигурно е за во Драгор, ама нешто го има спречено “сељаков“ својот кревет од дома да го фрли в река, прокоментира еден минувач додека фотографиравме, и додаде дека лекот е дебели казни или закон за ваквите, враќање в село, па нека фрлаат по селските буништа.