Денес, сабота, 14 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 26 степени.
Утре, недела, 15 мај, во Битола, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 26 степени.