Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“ Битола: цирозата на црниот дроб, дијагностицирање и лекување

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за цирозата на црниот дроб, за што вели:

-Цирозата на црниот дроб е тешко заболување кое се карактеризира со целокупна промена структурна на црнодробните лобуси и загуба на црнодробните функции. Црнодробната цироза се јавува етиолошки најчесто предизвикана како последица од долготрајна злоупотреба на алкохол, после инфекција од Хепатит Ц и Хепатит Б, одредени медикаменти, автоимуни заболувања итн. Клиничката презентација почетно е асимптоматска околу десетина години се до развивање на декомпензирана цироза со појава на жолтица, портална хипертензија со крварења од варикси на хранопровод, асцитес, хепаторенален, хепатопулмонален синдром па се до црнодробна слабост и црнодробна енцефалопатија и кома.

Кај цирозата на црниот дроб има загуба на функцијата на црниот дроб која е разновидна од синтеза на коагулациони фактори 2, 7, 9, нарушена детоксикација на организмот и синтеза на протеини албумини, метаболизам на Витамин Д3, синтеза на жолчка елементарна во метаболизам на масти итн.При дијагностицирање со ехо на абдомен -утрасонографски имаме назабеност на капсула на хепар, инхомогеност како и ситна или крупна нодулираност на паренхим на црн дроб, дилатација од над 12мм на вена Порте, стеснатост на хепатални вени и често присутност на анехогеност -течност асцитес околу хепар во случај на декомпензирана цироза.

Лекувањето е медикаментозно (бета блокатори, диуретици, хепатопротектори) понекогаш со интервентни гастроентерохепатални процедури во случај на компликации како крварење од варикси на хранопровод, последна опција е трансплантација на црн дроб во високо развиени медицински центри.