-Традиционално Општината Битола, ЕУ инфо-точката и Делегација на ЕУ го одбележуваат на Денот на Европа, како и во 2012 година, пред 10 години, кога со низа активности во Битола беше одбележан овој ден, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола, и доајден на битолското новинарство.
Бројни активности се одвиваа на плоштадот “Магнолија“, Широк Сокак и на “Ќумурно“, а учествуваа учениците од 12 основни училишта кои со својата креативност претставија четири земји на ЕУ, а имаше и презентации на теми од брошурата “Да ја истражиме Европа“.
–Во одбележувањето се вклучија и Активот на директори, Сојузот на училишен спорт на Општина Битола, Здружението на спортски педагози на Општина Битола, Општинскиот сојуз на спортови на Општината Битола преку организирање на мини спортски активности (пинг-понг, тенис, кошарка, одбојка, фудбал, ракомет, карате, џудо, влечење јаже, скокање на јаже, народна и сл.), потоа ликовни акции, модерен балет, играорни групи, музички творби, вели Миновски.
Овие активности се реализираа на потегот од плоштадот “Магнолија“ преку Широк Сокак до плоштадот “Гоце Делчев“, а учесници беа околу 500 ученици од основните училишта во градот.
Детскиот фудбалски хепенинг “Спортот не знае за граници и обединува“ се одржа на фудбалско игралиште “Павел Шатев“ во организација на ФК Топ гол и ФФМ. На овој хепенинг учество зедоа 120 ученици од основните училишта.
Во музичкиот дел настапија: детскиот хор “Ѕвончиња“, пензионерската пејачка група “Сирма
Војвода“, оркестарот при Државното музичко училиште, училишниот хор при ОУ “Трифун Пановски“, групата “Рок банда“…

Деновиве пред 10 години: со спорт, уметност и хепенинг одбележан Денот на Европа (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Полагање за џудо кандидати-мајстори и мајстори во “Будо центарот“ во Битола (фотогалерија)
- “Семејството не е бројка, семејството е љубов”, трибина на Форумот на жени на СДСМ-Битола (фото)
- Некогаш и денес, Гоце Гроздановски – Моцарто, иницијатор за формирање на РК Пелистер од Битола: се сеќавам поразот од Лемго многу тешко го поднесовме
- Борче Марковски: на Фарски острови ми “фали“ семејството, пријателите и сонцето од Битола, се друго има и се работи крајно професионално (фото)
- За три дена во Битола 51 нови позитивни на ковид-19, оздравени 23, активни 146 случаи
More from ВестиMore posts in Вести »
- АК Олимп со шест атлетичари на митингот “Светски ден на атлетиката” освои четити медали
- Во Битола сончево со слаб до умерен ветер од северен правец, температурата до 21 степен
- “Комуналец“ во соработка со “Водовод“ го миеја Широк Сокак, ќе продолжи и понатаму (фото)
- Советници од Битола и Новаци и граѓани беа во посета на санитарната депонија “EPADYM S.A.“ кај Птолемаида-Кожани во Грција (фото)
- Преку апликацијата “мЗаедница“ ќе може да се пријави проблем во општина Битола