На 14.05.2022 во 17.35 часот во СВР Битола, Б.Н.М. (33) од с.Буково, битолско, пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат на возсраст од 32 години од истото село, кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 14.05.2022 година во 10.00 часот во Полициска станица Битола Л.К. (40) од Битола пријавил дека на 13.05.2022 околу 12.45 часот во двор на основно училиште во Битола неговиот малолетен син бил физички нападнат од татко на негова соученичка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.05.2022 во 19.15 часот во Полициско одделение Велушина, Љ.И. (30) од Битола пријавил дека пред маркет во атар на село Олевени настанала физичка пресметка помеѓу две лица на возраст од 38 и 48 години, двајцата од с.Олевени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.05.2022 во 13.00 часот на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул. „Тодор Скаловски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 57 годишно лице од Битола и патничко возило „опел антара“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од 41 годишник од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две лица, двете од Кичево, сопатнички во возилото „опел антара“, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Полициска станица Битола.